ТИРЗ Тетово и ТЕЦ „Требош“ со големо значење за тетовскиот регион

Bez autora
Mar 24 2014

Министерот за економија Ваљон Сараќини, заменик-директорот на технолошките индустриски развојни зони Асип Усеини и директорот на Стопанската комора на северозападна Македонија Арбен Халили ги посетија гасната термоелектроцентрала во селото Требош и технолошко-индустриската зона во Тетово со цел да извршат надзор врз реализацијата на градежните работи на споменатите објекти. Гасната термоелектроцентрала во Требош, која во моментов е во градба, е инвестиција на компанијата „Везе Шари“ со вредност од 6 милиони евра за која досега се ангажирани 100 работници и 2 милиони евра. Веќе во јуни очекуваме да започне производството на електрична енергија од алтернативни извори, но и да се вработат 30 нови работници, изјави Сараќини.

ТИРЗ Тетово и ТЕЦ „Требош“ со големо значење за тетовскиот регионМинистерот за економија Ваљон Сараќини, заменик-директорот на технолошките индустриски развојни зони Асип Усеини и директорот на Стопанската комора на северозападна Македонија Арбен Халили ги посетија гасната термоелектроцентрала во селото Требош и технолошко-индустриската зона во Тетово со цел да извршат надзор врз реализацијата на градежните работи на споменатите објекти.

- Гасната термоелектроцентрала во Требош, која во моментов е во градба, е инвестиција на компанијата „Везе Шари“ со вредност од 6 милиони евра за која досега се ангажирани 100 работници и 2 милиони евра. Веќе во јуни очекуваме да започне производството на електрична енергија од алтернативни извори, но и да се вработат 30 нови работници - изјави Сараќини. Оваа гасна електроцентрала ќе биде прв ваков проект не само во Македонија туку и пошироко, со што Република Македонија на некој начин станува лидер во регионот за производство на електрична енергија од обновливи извори. Електричната енергија ќе се добива со искористување биогас. Со неа од органските отпадоци од фармата ќе се овозможи производство на 1 мегават електрична енергија на час.

Сопственикот на компанијата „Везе Шари “ се заблагодари на поддршката што ја добива како од локалните институции така и од институциите на државата.

Изградбата, пак, на инфраструктурата во технолошко-развојната економска зона кај Тетово дава можност за отворање поголем број фабрики, што ќе значи и нови работни места за жителите од Тетово, Гостивар и од регионот.

- Досега градежните активности се изведуваат според планираната динамика за што се ангажирани 60 вработени. Првиот извоз го очекуваме веќе во септември. Сакам да потенцирам дека ова е еден од капиталните проекти на Владата, со кој се создаваат услови за структурни промени на економијата во регионот, а секако и за нови работни места. Зоната се гради преку јавно-приватно партнерство и за неколку години треба да се вложат 7 милиони евра, со што ТИРЗ Тетово ќе стане значаен влез во економскиот развој на регионот - вели Сараќини.

Според заменик-директорот на ТИРЗ, Асип Усеини, веќе три компании имаат пројавено интерес за инвестиции во зоната, но и тоа дека континуирано се работи на секојдневна комуникација со нови компании, кои би биле потенцијални инвеститори во зоната.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik